МЗТ Скопје лесно совладан од шампионот на АБА

Македонскиот кошаркарски шампион, тимот на МЗТ Скопје воопшто не успеа да му парира на шампионот на Јадранската лига, Црвена Звезда, забележувајќи убедлив пораз од 58:92.

Избраниците на Жељко Лукајиќ беа достоен противник само во првата четвртина, која ja добија со 18:21, за веќе на полувреме да имаат двоцифрена предност од 25:40.

Во продолжение од средбата „црвено-белите“ само ја зголемуваа предноста за на крајот да дојдат до убедлива победа која реално ги опишува моменталните ситуации во двата табора.

Најефикасен во победничкиот табор беше Огњен Добриќ со 23 поени, Рочести имаше 13. Кај „металците“ најдобар беше младиот Андреј Маслинко со 15 поени.

Коментари

коментари