Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, ја нарече историјата на државниот удар во Украина Европски срам.
„Оваа украински историја, историјата на државениот удар, историјата на предавство на Западот во однос на меѓународното право, кога договорот, потпишан од страна на министрите за надворешни работи на водечките земји на ЕУ едноставно беше прегазен. После тоа, Европската Унија се обиде да нè убеди нас дека тоа мора да биде така, а сега ништо не може да се направи во врска со тоа. Ова, во голема мера, е огромен Европски срам“, рече тој во интервју за весникот „Комерсант“.
Министерот истакна дека „константирајќи ја таа историска стварност, ние не се затвораме во себе, и ние сакаме да го исполниме договорот од Минск“.