понеделник, 19 август, 2019
Читај » СВЕТ » Во Полска во тек е истрага за прославата на роденденот на Хитлер од страна на јавни личности

Во Полска во тек е истрага за прославата на роденденот на Хитлер од страна на јавни личности

Полските правосудни органи наредија да се испита пријавата за прославата на роденденот на Хитлер, кој бил во организација на организацијата „Гордост и современост“, изјавил за Полското радио извор од правосудните органи.

Медиумите открија дека министерот за правда, Јавниот обвинител на Полска, Збигнев Зебра наредил регионалниот обвинител на Катовице да започне со истрага за јавна пропаганда на фашизмот или други тоталитарни системи, како и користењето на симболи од страна на организацијата „Гордост и современост“.

Во саботата TVN телевизија објави извештај за тоа како новинари пред неколку месеци успеаеле инкогнито да се најдат на настани организирани од оваа организација, меѓе кои и прославувањето на Хитлеровиот роденден. Во шумата, каде што тоа се случи, имаше знамиња со свастики, звучеа нацистички маршеви и тост и присутните се поздравуваа со нацистички поздрави.

Првиот што одговори на извештајот беше министерот за внатрешни работи и администрација на Полска, Јоаким Бруџински.

„Во Полска, пропаганда на фашистичкиот, комунистичкиот или друг тоталитарен систем е неприфатлива. Нема никаква согласност за појава на фашистички, комунистички или други тоталитарни симболи во јавниот простор“, рече тој во неделата.

Министерот истакна дека полицијата ќе преземе „соодветни дејства во согласност со нивните надлежности за секое лице или организација што поттикнува омраза врз основа на национална, етничка или расна основа“.
По повод објавениот извештај, Бруџински вети дека ќе комуницира со раководството на полицијата и Јавното обвинителство.

Коментари

коментари