недела, 8 декември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Бензините и дизелот со нови цени

Бензините и дизелот со нови цени

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека од ноќеска на полноќ ќе се зголемат цените на дизелот и на бензините за еден денар.

Со најновата промена, цената на еуросупер БС-95 ќе изнесува 67,50 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе чини 69,50 денари, додека еуродизел (Д-Е V) ќе биде 60,50 денари за литар.

Цената исто така ќе се зголеми и за малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство, кое ќе изнесува 49 денари за литар, а мазутот М-1 НС ќе биде по цена од 29,906 денари за килограм.

Коментари

коментари