Настапот на Трамп на форумот во Давос под знак прашање поради престанокот со работа на владата на САД

Доналд Трамп може да го прескокне форумот во Давос поради престанокот со работа на владата на САД. Белата куќа рече дека првично претседателот планирал посета, па дури и ја одобрил програмата за билатерални состаноци на форумот во Давос.

Но, сега ова и другите патувања на претседателот Трамп се доведени во прашање. Шефот на Белата куќа веќе ја откажа планираната посета на Флорида.

Претходно, на 20 јануари, републиканците и демократите не беа во можност да се договорат и да го усвојат законот за федералниот буџет за 2018 година поради несогласувања околу прашањето на мигрантите.

Голем број федерални агенции останаа без финансирање и не работат. Гласањето за новиот привремен буџет е закажано за 22 јануари, објави телевизискиот канал „Россия 24“.

Коментари

коментари