понеделник, 23 септември, 2019
Читај » СВЕТ » Русија инвестира во својата индустрија и трговија

Русија инвестира во својата индустрија и трговија

„Во Русија се пуштени во работа 350 конкурентни производства според Програмата за замена на увозот, а за две години ќе бидат пуштени во работа уште 780 проекти“, изјави шефот на Министерството за индустрија и трговија, Денис Мантуров, на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин.

„Програмата за замена на увозот е катализатор и драјвер за развојот на нашата економија. Денес ние веќе започнавме со производство и испорака, вклучувајќи и на извоз, на конкурентни производи од 350 успешни проекти, а во рок од две години ќе завршиме 780 проекти кои беа вклучени во планот за замена на увозот“, рече тој.

Според него, Фондот за индустриски развој е еден од главните механизми за поддршка, вклучувајќи секторски планови за замена на увозот. Тој истакна дека благодарение на поддршката на фондот, веќе има 350 производствени капацитети.

„Вкупно, откако беше донесена одлука од Ваша страна за создавање на фондот, поддржани се 268 проекти, вкупниот износ на инвестиции изнесуваше 250 милијарди рубљи, од кои 66 милијарди рубљи се за повластени заеми од Фондот за индустриски развој“, додаде министерот на Русија.

Програмата е особено активна и дава подршка во креирањето и почнувањето на работа на мали и средни бизниси и компании.

Коментари

коментари