Читај » СЛАЈДЕР » Венгер се откажа од Санчез, но ќе ги добие Михтарјан и Обамејанг?

Венгер се откажа од Санчез, но ќе ги добие Михтарјан и Обамејанг?

Стратегот на Арсенал, Арсен Венгер даде интересна изјава за медиумите во Англија, каде посочи дека најверојатно ќе го загуби својот најдобар играч, Алексис Санчез, но на таа сметка, ќе добие двајца крајно квалитетни играчи.

Според зборовите на францускиот стратег, во редовите на „топчиите“ ќе пристигнат Михтарјан од Манчестер Јунајтед и Обамејанг од Борусија Дортмунд. Санчез пак би заминал во дресот на „црвените-ѓаволи“.

„Моменталната ситуација со Санчез е добро позната на сите, па нема потреба нешто дополнително да се објаснува. Доколку тој замине од тимот, најверојатно ќе го добиеме Михтаријан, а во завршна фаза се и преговорите со Борусија Дортмунд за Обамејанг“, изјави Венгер.

До овој момент, Арсенал не купи никој во преодниот рок, а се раздели со Тео Волкот, кој се пресели во Евертон за сума од 20 милиони фунти.

Коментари

коментари