четврток, 18 април, 2019
Читај » СВЕТ » Симулатор за спречување на вооружените напади во училиштата во САД

Симулатор за спречување на вооружените напади во училиштата во САД

Одделот за внатрешна безбедност на САД, со поддршка на Лабораторијата за истражување на армијата на САД (која произведува симулатори за воени и разузнавачки служби), подготвува симулатор за престрелките и вооружените напади на училиштата во САД.

Проектот треба да ги предвиди активностите на наставниците со кои што ќе ги зголемат шансите за преживување на што повеќе ученици, ако вооружен напаѓач влезе во училиштето и почна да пука врз учители и студенти.

Како што е наведено во коментарот, симулаторот е изграден врз основа на производите што ги користат војниците на САД за реакција во екстремни и стресни ситуации.

Еден од авторите на проектот е мајка на ученик кој загина за време на вооружен напад на училиште во 2012 година. Симулацијата ќе биде објавена во пролетта 2018 година.

Коментари

коментари