недела, 24 јануари, 2021

ВИДЕО: Грешка во серијата „Friends“ откриена 23 години подоцна

Пилот епизодата на популарната ТВ-серија „Friends“ се емитуваше на 22 септември, 1994 година. Иако поминаа повеќе од 10 години откако серијата престана да се прикажува, уште има стари и нови фанови кои ги прегледуваат сите епизоди одново и одново.

Кога некоја серија ја имате изгледано премногу пати, почнувате да наоѓате недоследности и грешки, а една обожавателка најде грешка во монтажата на пилот-епизодата: Фиби се „појавува“ на две места истовремено.

Во првиот кадар разговара со Рејчел застаната во кујната, а во следниот седи и пие кафе на фотелја во дневната соба со дечкото на Моника, Пол.

Грешката ја откри Ени Малони.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!