недела, 8 декември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Собранието не оствари кворум, Џафери ја презакажа седницата за четврток

Собранието не оствари кворум, Џафери ја презакажа седницата за четврток

На денешната пленарна седница Собранието не успеа да гласа за Законот за јазиците, ниту пак за законот за уставни судии, бидјќи во собраниската сала немаше кворум.

Од вкупно 120 пратеници, се собраа само 52, што е недоволно за започнување на седница и изгласување на закон со просто мнозинство, бидејќи за тоа е потребно најмалку 61 пратеник.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа следната седница за четврток, за каде верува дека ќе се има кворум и Собранието ќе може да работи нормално. Никој не побара збор, по што пратениците без дебата заминаа дома.

По читањето на оваа точка, во собраниската сала се појави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, придружуван од Артан Груби и Џеват Адеми.

Коментари

коментари